Билтен

Млади Роми - еднакви и успешни репортери

Здружение за развој на ромската заедница во Македонија ,,Сумнал"

Опис Бројот на дипломирани и запишани Роми на новинарски студии е многу мал, a оние кои работат како новинари имаат влијание во политиките на телевизиите во кои работат во менувањето на негативните наративи кон Ромите во медиумите.

Неделата за програмирање оваа година одлучивме да ја насочиме токму кон новинарството, поконкретно кон обучување на Роми репортери. Обуката ќе биде дводневна, првиот ден ќе поканиме репортер (новинар) од национална телевизија којшто ќе ги воведе учесниците во новинарството, принципите и начинот на подготовка на видео прилог. Учесниците ќе ги поделиме во вкупно 5 групи по четири учесници и тие ќе имаат време од 20 минути да изберат тема и да разработат концепт за видео прилог. Комисијата составена од организациониот тим и репортерот ќе одбере 3 најдобри теми.

По изборот на три најдобри теми, тимовите ќе преминат на снимање на видео прилозите заедно со снимател и монтажер. Вториот ден, трите тимови заедно со монтажерот ќе научат како да работат со програма за монтирање на видеа (Adobe Premiere Pro) така што својот снимен материјал ќе го преточат во видео прилог којшто ќе биде објавен на Фејсбук страницата на ЗГ „Сумнал" и на порталот “Рома Прес".



Location

Возрасна група 16 - 24

Тешкотија

Вид Офлајн настан

Date 05.10.2019    12:00 - 16:00
06.10.2019    12:30 - 14:30

Адреса Максут Садик б.б.
1000 Скопје

Максимален број учесници 20 учесници Вие сакате да учествувате? Ве молиме да го контактирате нашето лице за контакт.

Учеството е бесплатно.
Награда на Meet and Code Diversity (Разновидност)

Контакт Здружение за развој на ромската заедница во Македонија ,,Сумнал" Веб-страница: https://sumnal.mk/mk/
Имејл на лицето за контакт: muhamed.ajvaz1996@gmail.com

Споделување на социјални медиуми