Децата за планетата Земја

Друштво за едукација - Академик (Association for education-Akademik)

Опис Настанот ќе се реализира во рамките на неделата на детето која трае од 5-ти до 9-ти октомври. Учесниците ќе ги запознаеме со начинот на креирање на прашања и можноста за давање на одговори преку користење на апликациите Quizziz и Kahoot. Со цел да ги мотивираме дополнително и да го поттикнеме натрпреварувачкиот дух, децата ќе ги поделиме во групи и ќе организираме натпревар. Учениците ќе треба да одговараат на прашања поврзани со планета и потребата од нејзина заштита, кои ќе им бидат поставувани преку овие две апликации. Како завршен дел од овој настан ќе организираме заедничко летање на змаеви, со што децата ќе испратат порака дека нашата планета мора да ја зачуваме, зошто таа е нашиот единствен заеднички дом. Настанот ќе се организира во соработка со ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Бучин.


Location

Возрасна група 8 - 15

Тешкотија

Вид Офлајн настан

Date 05.10.2019    09:30 - 13:00
06.10.2019    09:30 - 13:00

Адреса Бучин
7520 Крушево

Максимален број учесници 20 Вие сакате да учествувате? Ве молиме да го контактирате нашето лице за контакт.

Учеството е бесплатно.
Награда на Meet and Code Code for the Planet (Кодирај за планетата)

Контакт Друштво за едукација - Академик (Association for education-Akademik) Веб-страница: Facebook: Akademik Krusevo
Имејл на лицето за контакт: akademikkrusevo@gmail.com

Споделување на социјални медиуми