Билтен

И ти можеш да бидеш инфлуенсерка.

Здружение за развој на ромската заедница во Македонија ,,Сумнал"

Опис Онлајн маркетингот одамна тежнее кон преземање на приматот. Влијанието за промовирање на производите на социјалните мрежи е се уште новина кај нас. Целта на нашиот настан ќе биде да се запознаат девојките и жените Ромки за начинот на работата на блокерките и инфлуенсерките.
Гостинка ќе биде една позната инфлуенсерка и таа ќе зборува за начините на коишто таа промовира различни производи од различни фирми на Инстаграм .
Таа ќе зборува од кога потекнува овој тренд, кога и како таа почнала да се занимава со ова, дали може да се живее од оваа професија, дали позитивно и делува славата. Исто така, иинфлуенсерката ќе им даде совети и насоки на учесниките на средбата ако некоја од нив сака да започне со оваа професија како да го направи тоа, колку следбеници треба да има на Инстаграм, со кого да соработува, ккако да бира соработници, што најмногу да рекламира и слично.
Во продолжение, таа ќе покаже свои видеа и слики, а потоа исто така ќе посочи некои совети за тоа како тие да бидат порепрезентативни, попрепознатливи и како да одберат стил којшто ќе им доликува и како да продолжат да го негуваат истиот. Преку ова би поттикнале и младите Ромки да се занимаваат со оваа работа.



Location

Возрасна група 18 - 24

Тешкотија

Вид Офлајн настан

Date 19.10.2019    12:00 - 16:00

Адреса Ул. Димитар Влахов бр. 22
7000 Битола

Максимален број учесници 20 Вие сакате да учествувате? Ве молиме да го контактирате нашето лице за контакт.

Учеството е бесплатно.
Награда на Meet and Code Girls do IT! (Девојки во ИТ!)

Контакт Здружение за развој на ромската заедница во Македонија ,,Сумнал" Веб-страница: https://sumnal.mk/mk/
Имејл на лицето за контакт: muhamed.ajvaz1996@gmail.com

Споделување на социјални медиуми