Андроид ни помага да се дружиме и кодираме

Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје

Опис Овој настан е осмислен за ученици од основно образование кои уште од раната возраст, низ различни предмети, се запознаваат со елементите на кодирањето. Можноста која ја нуди Андроид оперативниот систем, како достапен на паметните уреди и бесплатен, е идеален за образовната, но и забавната намена, со што се дава употребливост на телефоните и таблетите во наставата.
Од друга страна, користењето на Андроид кутиите (Android box), кои може да се поврзат на поголем екран или ЛЦД бим, дава можност за активности со поголема група деца.
Воведните активности се планирани да се организираат преку едноставни примери и игри како што се Lightbot, SpriteBox, Algorithm City и ScratchJr.
Понапредното кодирање е планирано да се претстави преку blockchain платформи за изработка на Андроид апликации со што учениците ќе имаат можност сами да кодираат (создадат) своја Андроид апликација.
За време на настанот учениците ќе работат индивидуално и во мешани тимови (со различни способности и од различни етнички групи), при што ќе учат, ќе работат тимски и ќе соработуваат, осмислуваат и кодираат.

Предвидено е активноста да се спроведе во ООУ „Аврам Писевски“ село Бардовци, Скопје.



Location

Возрасна група 8 - 14

Тешкотија

Вид Офлајн настан

Date 16.10.2019    10:30 - 14:30

Адреса ул. 2 бр. 10 Село Бардовци
1000 Скопје

Максимален број учесници 40 Вие сакате да учествувате? Ве молиме да го контактирате нашето лице за контакт.

Учеството е бесплатно.
Награда на Meet and Code Diversity (Разновидност)

Контакт Здружение за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ Скопје Веб-страница: https://www.konedu.org/
Имејл на лицето за контакт: contact@konedu.org

Споделување на социјални медиуми