Училишно радио

Друштво за едукација - Академик (Association for education-Akademik)

Опис Со цел кај учениците да ја подобриме медиумската писменост, но и да им овозможиме практично да креираат самите еден свој медиумски производ иницираме создавање на училишно радио. Училишното радио ќе се наоѓа во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Бучин, во чиј состав работат три училишта во населените места Бучин, Пресил и Светомитрани. Училишното радио ќе биде простор каде учениците ќе снимаат свое аудио со информации кои се однесуваат на самото училиште. Значајно е тоа што децата ќе бидат поставени во улога на новинари кои ќе биде потребно сами да смислуваат содржини кои ќе ги обработуваат, а ќе бидат од едукативен карактер (читање на дел од лектира што ја обработуваат, интервју со соученик, празници, аудио книги...). Учениците кои ќе бидат ангажирани во училишното радио, освен обуката за новинарство и како се создава квалитетна аудио снимка, ќе бидат обучени и за работа во посебни компјутерски програми (Audacity) наменети за уредување на аудио снимките. Снимениот материјал може да се емитува за време на некој од големите училишни одмори, но и во затворената Facebook или Viber група која вообичаено ја имаат наставниците со цел да комуницираат со родителите на децата.


Location

Возрасна група 9 - 14

Тешкотија

Вид Офлајн настан

Date 18.10.2019    09:00 - 12:00

Адреса Светомитрани
7550 Крушево

Максимален број учесници 20 Вие сакате да учествувате? Ве молиме да го контактирате нашето лице за контакт.

Учеството е бесплатно.
Награда на Meet and Code Code for your community (Кодирај за твојата заедница)

Контакт Друштво за едукација - Академик (Association for education-Akademik) Веб-страница: Facebook: Akademik Krusevo
Имејл на лицето за контакт: akademikkrusevo@gmail.com

Споделување на социјални медиуми