Програмирај и победувај

Здружение за развој на ромската заедница во Македонија ,,Сумнал"

Опис Настанот ќе се оддржи на 6.10.2018 во Топаана, Скопје. Причината поради избраната локација е тоа што, со исклучок на нашите активности, младите од оваа околина немаат доволно можности да се сретнат со обуки, предавања, семинари од ИТ областа. Нашиот настан би започнал од 11:30 часот со регистрација на учесниците,а првото предавање ќе започне од 12:00 часот. Предавачот ќе биде искусен програмер, а темата на првото предавање во траење од 45 минути ќе биде вовед во програмирање, запознавање со најчесто користени поими, техники, методи и корисности од ИТ технологијата. Втората сесија ќе биде наменета за успешните македонски програмери и компании, со акцент на спортските игри и апликации. Двете сесии би завршиле во 14:00 часот, по што ќе следи тест за учесниците со 10 прашања од двете сесии. Најдобрите четири ќе добијат книги за програмирање и можност да се натпреваруваат во симулирачката фудбалска игра Pro Evolution Socer, а победникот ќе освои ваучер од 1000 денари. Со ваквиот настан, со помош на фудбал и игра, ќе се привлече вниманието на 20те учесници кон програмирањето, а исто така ќе бидат советувани од предавачот каде да се упатат доколку сакаат да се занимаваат со истото.


Location

Возрасна група 16 - 22

Тешкотија

Вид Офлајн настан

Date 06.10.2018    11:30 - 15:30

Адреса Maksud Sadik bb. Topaana
1000 Skopje

Максимален број учесници 20 Вие сакате да учествувате? Ве молиме да го контактирате нашето лице за контакт.

Учеството е бесплатно.
Контакт Здружение за развој на ромската заедница во Македонија ,,Сумнал" Веб-страница: https://sumnal.mk
Имејл на лицето за контакт: muhamed.ajvaz1996@gmail.com

Споделување на социјални медиуми