Description
Овој настан се планира да биде во вид на работилница за програмирање, со учениците од III одделение 3 одделение од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Битола. Истите ќе се одржат во проесториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Работилницата ќе ја реализираат професори од ФИКТ. работилницата се состои од 4 целини и тоа:
- Што е програмирање и алгоритам
- Што е програма
- Како да се напише програма
- Каде се пишува програмата
За наведените целини има прилагодени вежби на возраста на учениците каде што учениците ќе имаат можност да програмираат геометриски тела, да креираат едноставни алгоритми со ситуации од секојдневниот живот и од наставните предмети кои ги учат и да ги разгледаат основните апликации за програмирање.