Descrizione
Овој настан ќе биде организиран во вид на натпревар за учениците од III одделение од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Битола. Натпреварот ќе биде во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски техниологии. Истиот ќе го водат професорите, а учениците ќе бидат поделени во групи под менторство на студенти. Комисија ќе бидат 3 студенти и наставничките. Учениците ќе имаат за задача на направат програма која ќе опфаќа едноставни математички операции.
Победник ќе биде една од групите и ќе добие симболична награда.
Целта на натпреварот е учениците да изведуваат едноставни математички операции со компјутер, користејчи го програмирањето.